ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кршеле опрема и истуриле киселина: Повторно санирано кошаркарското игралиште „Славка Недиќ“

July 14, 2023 09:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Општина Центар повторно го санираше кошаркарско игралиште на ул. Славка Недиќ откога по вторпат беше оштетено. Овој пат несовесни жители ја оштетиле подлогата на која и истуриле киселина и искршиле дел од урбаната опрема, канти и клупи. Екипи на општинските служби со механизација извршија санирање и направија записник на оштетената опрема, а градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски повторно апелира доколку се затекне вандализирање и уништување на урбаната опрема случајот и лицата да ги пријават во општината.

„Повторно го саниравме детското кошаркарско игралиште „Славка Недиќ“ на кое пред два месеци несовесни граѓани имаа истурено уље на подлогата. Овој пат повторно беше уништено поради истурена киселина. Навистина е жално и срамно ова што се прави и навистина се обидувам да разберам која е причина и потребата за ваков вандализам. И за ова мора да застанеме сите заедно и да ги спречиме овие појави. Затоа повторно ве повикувам сите вие кои ќе затекнете насилно однесување и уништување на игралиштата или урбаната опрема да го пријавите тоа. Овие денови детската игра која значи правилен раст развој и социјализација беше прекината поради оваа недолична причина, да не го дозволиме тоа“ порачува Герасимовски.

Општина Центар повторно ги известува граѓаните дека уништувањето на урбаната опрема претставува прекршочно дело за што следуваат високи парични казни. Согласно Законот за јавна чистота, поради обезбедување на јавна чистота на јавни површини по член 114 – а забрането е уништување на урбана опрема (клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта). За уништување на урбана опрема општинската комунална инспекција изрекува прекршочни глоби во висина од 150 евра во денарска противредност за физички лица или од 1000 до 2000 евра во денарска противредност за правни лица и 300 евра за одговорното лице.

Општина Центар со цел да ги зачува детски игралишта и го заштити јавното добро ги повикува и месните и урбани заедници да се вклучат во подигањето на свеста за зачувување на урбаната опрема и да се вклучат во конкретни активности кои ќе придонесат за подобрување на состојбата.

Tags: „Славка Недиќ“КиселинаЦентар
Next Post

Брич за диктаторот

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk