На силниот W60 турнир што оваа недела се игра во Рим, Италија, само што заврши четвртфиналниот меч во којшто Лина Ѓорческа извојува вредна победа против Австралијанката Seone Mendez (3-6 ; 6-2 ; 6-4) и се пласираше во полуфиналето.
Претходно, во првите две кола, Ѓорческа извојува победи против Италијанката Laura Mair (6-3 ; 7-6) и Zhibek Kulambayeva од Казахстан (4-6 ; 6-2 ; 6-3). Во првиот сет од денешниот меч двете тенисерки играа одлично, но во одлучувачките моменти повеќе среќа имаше Австралијанката.
За пресврт во мечот клучен фактор беше мудрата тактика со којашто Ѓорческа форсираше игра на бекхенд страната на Австралијанката. Како резултат на тоа и секако, на одличната игра на нашата тенисерка во текот на целиот меч, крајниот резултат беше во полза на Лина Ѓорческа. Оваа победа на нашата најдобра тенисерка ѝ донесе нови 29 поени на WTA листата и напредок од околу 25 места.
Оваа победа на нашата најдобра тенисерка ѝ донесе нови 29 поени на WTA листата и напредок од околу 25 места. Противничка во утрешното полуфинале ќе ѝ биде втората носителка Raluca Georgiana Serban од Кипар (173. на WTA листата).
А. Лукароски