Повеќе од 1.600 летови се откажани на три главни аеродроми – во Њу Џерси и на аеродромите Џон Ф. Кенеди и Ла Гвардија поради силните дождови и поплавите што ја погодија државата Њујорк.
Најмногу летови се откажани во Њу Џерси, каде околу 30 отсто од сите планирани летови доцнеле, а патниците кои успеале да слетаат го чекале багажот повеќе од два часа, додека многу патници го загубиле багажот, пишува Њујорк пост.
На аеродромот ЏФК откажани се 331 лет, а на Ла Гвардија 281.
Невреме со грмотевици, силен дожд и поплави вчера погодија поголем дел од поширокото подрачје на Њујорк, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за поплави во делови од Квинс и Бронкс во попладневните часови.
Дождот и последователните поплави предизвикале штета од околу 50 милиони долари, а загинал и еден жител на Њујорк.