ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Група во Алтернатива побара промени во партијата

July 18, 2023 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес. Според оваа групација, во партијата година и пол има турбуленциите, но тоа не влијае врз раководството.

– Почнувајќи со заобиколување на структурите, погрешни политики, непринципиелни ставови, концентрација на силата само врз некои поединци, донесување на одлуки од страна на мала група на поединци итн. Отстранување на крилото на Студеничани и Лабуништа, непочитувањето на членовите на раководството и централното собрание, слабото раководење со партијата, анкетите кои не покажуваат како најслаба партија се дел од причините што не наведуваат да реагираме на генералниот секретар. Наметнувањето на именувања во структурите, водење на политики според дневното расположение, политичкиот гнев кон сите што мислат поинаку, за жал не го прават генералниот секретар достоен за функцијата што ја врши, изјави во име на присутните Дритан Беџети, кој е претседател на тетовскиот огранок.

Тој рече дека не е време за соработка со други партии туку има потреба Алтернатива да биде посилна партија.

– Според анкетите последно време излегуваме како најслаба партија. Некои активисти се разочарани, некои не сакаат да се занимаваат со политика, разочарани од раководството. Не можеме да речеме од сите членови, дел од нив, тие што се поставени од претседателот. Што се однесува до предизборната соработка со другите албански партии соработката со Движењето Беса беше забрзана, бидејќи не беа направени дополнителни чекори со Движењето Беса (пратеничка група, член на ДИК), рече Беџети.

Според него, оваа загриженост ја дели целата структура, затоа ги повикува сегашните и претходните пратеници да ги поддржат. Додаде дека тоа важи и за другите структури кои заминале од многу причини од партијата.

– Откако ја презеде функцијата како генерален секретар заедно со потпретседателите на партијата, како извршна власт не беа успешни во сите предизборни ветувања, го прекршија секој принцип што го промовираа и со тоа револтирајќи ги членовите, причини кои покажуваат неуспешноста на субјектот, тоа го потврдуваат и најновите анкети. Жртвувањето на целиот субјект за спас на политичката кариера на потпретседателот Беким Сали поради очигледни неуспеси и координација со експоненти надвор од нашата партија, исто така само ја зголемува нашата огорченост кон двајцата. Затоа, крајно време е претседателот да постапи и да го разреши горенаведеното, бидејќи во спротивно субјектот оди кон уништување, истакна Дритан Беџети.

Претседателот на тетовскиот огранок посочи дека списокот на потпишани членови ќе му го достави на претседателот за, како што рече, последен пат, со надеж дека ќе размисли и ќе преземе соодветни мерки.

Tags: АлтернативаДритан Беџети
Next Post

Повредени 7 мигранти од Сирија на патот Нов Дојран-Валандово

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk