Македонската компанија Cytrox, заедно со три поврзани компании од Грција, Унгарија и Ирска, се на црната листа на САД за злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа, соопшти американското Министерство за трговија.
Како што пишува Истражувачката репортерска лабораторија Македонија (ИРЛ), одлуката уследи по скандалите кои повеќе од една година ја потресоа Европа и светот откако беше објавено дека овие компании произведувале и дистрибуирале софтвер кој се користи за следење на граѓаните.
Заедно со македонскиот Cytrox, на американската „црна листа“ се и унгарската компанија Cytrox Holding, Intellexa од Грција и Intellexa Limited од Ирска.
Тие се најдоа на црната листа поради користење на малициозен софтвер Predator и загрозување на приватноста и безбедноста на граѓаните ширум светот.