Полицијата во координација со ОЈО ГОКК изутрината на повеќе локации во Скопје врши претреси, а има и приведени повеќе лица, потврдија за МИА од МВР.
Акцијата се спроведува против 15 физички и три правни лица. Од нив, три лица се од УЈП, од кои едниот е заменик-раководител, останатите се бизнисмени. Се товарат за злосторничко здружување, перење пари, даночни измами.
Акцијата е во тек и повеќе детали и МВР и Обвинителство најавија по нејзиното завршување.