ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Здравковска: Субвенционираме вработувања преку ИПА

July 19, 2023 10:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги повикува сите евидентирани невработени лица да се пријават за учество во мерката Субвенционирање на вработување. Повикот се спроведува во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ финансиран од Европската Унија, врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на вработување – ИПА.

На мерката, според проектниот координатор, Наташа Здравковска може да се пријават сите евидентирани невработени лица кои се во некоја од ранливите категории.

„Освен корисниците на ГМП, може да се пријават и жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица. Овие лице треба да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата во својот град или населено место“, вели Здравковска.

Повикот за оваа мерка трае до крајот на јули.

„Од друга страна, секој работодавач што ќе вработи невработено лице од овие целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата, во месечен износ од 19.000 денари за период од 6 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ. Овој работодавач има обврска да го задржи лицето во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 3 месеци. Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување договор помеѓу Агенцијата за вработување, работодавачите и кандидатите“, објаснува Здравковска.

Според неа, правото за учество на овој повик се определува врз основа на услови и критериуми дефинирани за секоја одделна програма, односно мерка за вработување и врз основа на основни принципик ои треба да се почитуваат при имплементација на програмите и мерките за вработување, како и услугите на пазарот на трудот, односно: принцип на диверзитет и инклузивност за сите општествени категории во приватниот сектор согласно правична и адекватна застапеност на етничка, полова, религиозна, расна или која било друга ранлива категорија граѓани во согласност со стандардите и практиките на Обединетите нации и Меѓународната организација на труд. Исто така, со оваа мерка се поттикнува рамномерен регионален развој во согласност со податоците од Бирото за регионален развој и степенот на развиеност на планските региони во Република Северна Македонија.

Tags: вработувањаЗдравковскаИПА
Next Post
Бехтел и Енка. Фото: Скриншот

Кон „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk