ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи во „Макпрогрес”: Финансиски ги помагаме домашните компании да станат меѓународно препознаени брендови

July 20, 2023 15:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
„Макпрогрес” од Виница, е вистинскиот показател дека Законот за Финансиска Поддршка на Компаниите е полн погодок, особено во делот на поддршка за развој и истражување”, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи денес ја посети во Виница компанијата „Макпрогрес” чија примарна дејност е производство на кондиторски производи, поддржана преку Законот за Финансиска Поддршка на Инвестиции (ЗФПИ).
„Макпрогрес”, со неговите 523 вработени,  денес важи за еден од водечките производители на кондиторски производи во Југоисточна Европа, кој покрај производството,  располага и со центар за обука, за истражување и развој, како и лаборатории за сензорна анализа и креативно пакување. „Макпрогрес” извезува во 55 земји ширум светот, а во низата на сертификати го има и „Халал” сертификатот кој претставува виза за извоз на кондиторски производи и во исламските земји”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи информираше дека Владата со „Макрпогрес” потпиша договор за Финансиска Поддршка на Инвестиции за четиригодишниот циклус 2018-2021 година, преку кој на оваа компанија која влезе во инвестиција од скоро 215 милиони денари, и се исплатени околу 37.5 милиони денари државна помош, од кои над 14 милиони денари за технолошки развој и истражување.
„Се радувам на успесите на домашните компании како што е примерот со компанијата „Макпрогрес”, која креира можности за вработување и развој на вештини во корист на младите во овој регион. Ова е една од причините за воведувањето на  Планот за економски раст поставен во 2017 година, преку кој Владата е на правиот пат да обезбеди економски раст и развој на нашата земја, но исто така обезбедува и рамномерен развој”, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи напомена дека само во Источниот Плански регион, во 2022 година поддржавме 57 компании, при што вкупно исплатената финансиска поддршка е над 205 милиони денари, и ќе продолжиме и во иднина да ги поддржува домашните компании за внесување на иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари, бидејќи вака ги развиваме за нивните вработени.
Сопственикот на „Макпрогрес”, Глигор Цветанов во неговата изјава се заблагодари за финансиската помош и изјави дека во истражувачкиот центар младите ќе можат да научат нови вештини.
„Го презентиравме нашиот план за досегашните инвестиции во последните осум години кој надмина инвестиција од 16 милиони евра , но и новиот развоен план на компанијата која планира до 2030 година да инвестира уште толку средства во развој на нови капацитети и нови иновативни производи. Ќе очекуваме поддршка од владата, особено во делот на ЗФПИ што ќе биде мотивација плус да влеземе во нови инвестициски циклуси”, изјави Цветанов.
Tags: „Макпрогрес"Битиќи
Next Post

Состанок на Секторската работна група за локален и регионален развој, презентирани резултатите од спроведувањето на програмата ЕУ за општините

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk