Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи во своја објава на Фејсбук напиша дека за шест години владата на СДСМ ја зголеми просечната плата за околу 59%, или за шест ипол пати повеќе од владата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
– Според Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2017, изнесувала 22 889 денари. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2011 изнесувала 20 954 денари. За 6 години од 2011 до 2017, просечната плата пораснала од 20 954 денари на 22 889 денари, или за 1 935 денари (околу 9%). За 6 години од 2017 до 2023, просечната плата пораснала од 22 889 денари на 36 465 денари, или за 13 576 денари (околу 59%). Тоа значи дека за шест години владата на СДСМ ја зголемила просечната плата за околу седум пати повеќе (околу 59%) отколку што ја зголемила претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, исто за шест години (околу 9%), наведува вицепремиерот Битиќи.