Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување. Со овие измени се ослободуваат од плаќање партиципација лицата со попреченост и со над 26 години возраст.
„На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат. Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост“, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.
Унапредувањето на квалитетот на живот на сите категории граѓани, тврди тој, останува врвен приоритет за СДСМ и за парламентарното мнозинство.
„Затоа, ќе продолжиме да носиме мерки и политики што се во интерес на нашите сограѓани“, порача пратеникот.