ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На јужната граница зголемен прометот на патници за 30 проценти, само на Меџитлија за 60 проценти

July 21, 2023 12:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”, беше во работна псоета на СВР Битола, при што реализираше средби со граѓани, а го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“.

Како што денеска соопштија од МВР, целта на посетата е запознавање со состојбите на овој граничен премин и на Регионалниот центар, генерално, имајќи ги предвид евидентираните податоци од полициските станици за надзор на државната граница, полициските станици за гранични проверки, како и одделенијата и отсеците кои се во состав на РЦ за ГР Југ.

– Во однос на прометот на патници на јужната граница, истиот е зголемен, споредбено со истиот период од 2022 година и тоа за 32 проценти. На ПС за ГП и ГН Меџитлија поминале 669.371 патници, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60 проценцти, наведуваат во соопштението од МВР.

Од страна на раководството на РЦ за ГР „Југ“ министерот Спасовски бил информиран за состојбата на границите во текот на првото полугодие од 2023 година, при што откриени се 60 кривични дела и 896 прекршоци по разни основи.

Во делот на илегалната миграција, РЦ за ГР „Југ“, додаваат од МВР, има откриено 4.626 илегални мигранти во ова полугодие, при што забележана е тенденција на намалување на обидите за 40 проценти за разлика од истиот период лани.

Посочуваат дека во делот на крумчарење мигранти откриени се 27 случаи во обид да се прокриумчарат 243 илегални мигранти, при што се поднесени 20 кривични пријави против 28 сторители.

– Во првото полугодие во 2023 година откриени се и 13 фалсификувани документи и послуга на туѓа патна исправа. Исто така, преземени се мерки и активности за спречување на бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, при што откриени се 20 случаи за бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, а по оперативна акција за спречување на недозволена трговија со дрога, само на јужната граница пронајдени се и одземени пет килограми марихуана, стои во соопштението.

Министерот Спасовски изразил задоволство од високите резултати на овие организациони единици, а добил и уверување дека вработените ќе продолжат интензивно да постапуваат по активностите на Министерството и оперативните акции на БЈБ, претендирајќи кон уште подобри резултати во насока на унапредување на безбедноста на сите граѓани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: границаМеџитлијаСпасовски
Next Post

Коциќ: Ги ослободуваме од здравствена партиципација лицата со попреченост и над 26 години возраст

НАЈНОВО

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025
ВИ

Славење на руските „успеси“ во македонските и регионалните медиуми

October 17, 2025
Скриншот

(ФОТО) Ким Кардашијан блесна во луксузен и софистициран изглед на премиерата на новата серија „Сѐ е дозволено“

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk