Полициски службеници на СВР Тетово утрово од 01.00 до 02.30 часот на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, го лишиле од слобода 34-годишниот А.Х. од Дебар.
Како што соопштуваат од МВР, кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин.
-Лицето било задржано во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, информираат од полицијата.