ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска од Кривогаштани: Со првата капитална дотација од 4,5 милиони, Општината добива мултифункционален центар

July 24, 2023 13:14
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари.

На средбата, Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи проектот за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации.

Министерката за култура потенцираше дека станува збор за проект со кој Општината за првпат од своето постоење добива поддршка, а тоа е само уште една потврда за грижата на Министерството за култура за локалниот културен развој.

„Еден од приоритетите на Владата и на Министерството за култура е подобрување на условите во кои се остварува културата во нашата држава. Вреднувањето и унапредувањето на културата и нејзината достапност за сите граѓани се од особено значење за реализацијата на проекти кои ќе ја подигнат свеста и ќе ја интензивираат соработката меѓу политичкиот, културниот и граѓанскиот сектор“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека техничката и просторната опременост на институциите е предуслов за остварување квалитетна културна продукција и токму затоа, со капиталните дотации за општините во земјава се настојува да се помогне во опремувањето и осовременувањето на постојните, како и за изградба на нови објекти, кои се неопходни за непречена реализација на културните содржини.

Градоначалникот Мискоски рече дека средствата добиени со капиталните дотации се потврда дека со вложувањето во проектите од областа на културата во руралните средини, значајно ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните во општината и ќе се овозможи рамномерен регионален културен развој.

Tags: Костадиновска СтојчевскаКривогаштани
Next Post

Владата потпиша договор со „Сивус“ за финансиска поддршка на инвестициски проект за периодот 2018-2022 година

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk