ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Транзицијата кон дигитална економија создава шанси за успех и добро платени работни места за младите

July 24, 2023 15:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, jа посети компанијата Сивус, чија примарна дејност е развој на софтвер и давање на консултантски услуги, поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ).

Во неговата изјава за медиумите, вицепремиерот Битиќи рече дека модерната економија поминува низ транзиција кон поголем акцент на еколошките и дигиталните иновации, за што е потребно младите да развијат нови вештини за да напредуваат во овој променлив пејзаж.

„Токму затоа една од компаниите кои ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции е Сивус, која ова го прави преку нејзиниот едукативен центар. Дигитализацијата како стожерен процес на Четвртата индустриска револуција побарува да се вкалкулираат сосем нови фактори за успешно креирање и имплементирање на национални развојни политики кои ќе бидат насочени кон создавање на реални шанси за успех и добро платени места за младите”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи информираше дека Сивус, финансиски се помага преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, бидејќи се работи за мултинационална компанија за развој на софтвер и давање на консултантски услуги.

„Со нејзините над 650 вработени, компанијата опслужува преку 3500 клиенти ширум светот. Со Сивус Владата потпиша договор за финансиска поддршка на инвестициски проект за периодот 2018-2022 година за мерките Поддршка за пораст на капитални инвестиции, зголемување на конкурентност на пазарот и Освојување на пазари. За инвестициите од над 83 милиони денари, исплативме државна помош од 7 милиони и 500 илјади денари”, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека стратегијата на Законот за финансиска поддршка е да ги идентификува секторите кои можат да имаат додадена вредност за да бидат поконкурентни не само на домашниот пазар туку и во странските пазари.

„Планот за економски раст поставен во 2017 година, потврдува дека оваа Влада го знае вистинскиот пат за економски раст и развој на нашата земја. Само во Скопскиот Регион поддржани се 181 компании кои до денес имаат добиено околу 1 милијарда и 200 милиони денари финансиска помош за нивните инвестициски циклуси, кои креираа нови работни места за нашите граѓани”, изјави Битиќи.

Дејан Петрески, главен офицер за информации во Сивус, се заблагодари за финансиската помош.

„Благодарност до Владата која го препозна капацитетот на нашата компанија на која преку овој финансиски проект и даде дополнителна помош за услугите кои ги нудиме за дигитална трансформација. Денес, Сивус е докажан и препознатлив партнер на нашите клиенти, и работи во доменот на големи компании во телекомуникацискиот, автомобилскиот и банкарскиот сектор”, изјави Петрески.

Tags: Битиќидигитална економијаСивус
Next Post
Photo: Media Centre Belgrade

Ѓуриќ: Албин Курти е непожелна личност во политичкиот Вашингтон

НАЈНОВО

Скирншот

Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини

August 27, 2025

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Скриншот

Најмалку 30 загинати во свлечиште во индискиот регион Џаму

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk