ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Обезбедуваме подобри услови за работа на стручниот кадар и поквалитетни услуги за граѓаните

July 26, 2023 18:14
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи- Скопје, Изеир Мемеди денес ги промовираа  новите канцеларии на подрачните центри за социјална работа на општините Аеродром и Центар. Граѓаните од овие општини сега ќе можат да ги остваруваат правата и услугите од системот на социјална заштита.

Министерката Тренчевска истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика, како ресорно министерство во областа на социјалната заштита,  продолжуваат.

„Министерството сериозно работи на креирање на политики кои имаат за цел адресирање на потребите на граѓаните, со акцент на ранливите граѓани. Во континуитет работиме и на мапирање на слабостите во системот на социјална заштита со цел унапредување на правата и услугите во системот на социјална заштита“, порача Тренчевска.

Таа се осврна и на потпишувањето на Општиот колективен договор со кој се унапредуваат правата на сите вработени во јавниот сектор, растот на платите од 10 отсто во септември, К-15 од 10.000 денари, најмалку 30 отсто од просечната плата следната година и новата методологија за раст на платите од 2025 година. Притоа нагласи дека унапредувањето на правата на вработените претставува и исполнување на очекувањата за испорака на поквалитетни услуги кон граѓаните.

Директорот Мемеди истакна дека Центарот за социјални работи продолжува со  напорите да  граѓаните кои што се корисници на услугите во континуитет бидат задоволни од професионалните услуги на стручните лица од Центарот.

„Во активна соработка со Министерството за труд и социјална политика  обезбедуваме многу, многу подобри услови за работа на подрачните  служби на Центарот  и поквалитетни услуги за граѓаните. Денес сме во новиот простор каде се сместени подрачната служба за општините Центар и Аеродром која функционира како една служба и службата за лица со  пречки во менталниот или телесниот  развој,“ истакна Мемеди.

Мемеди  најави нови простории и за службите за Општина Кисела Вода,  Карпош  и Гази Баба.

Отворањето на новите канцеларии носи двојна придобивка односно се обезбедуваат подобри услови за вработените стручни лица во службите на центрите, како и поквалитетна услуга за граѓаните- корисници на социјалните права и услуги.

Министерката Тренчевска и директорот Мемеди денеска го реализираа и „Отворениот ден со граѓаните“, активност која извесно време се спроведува низ сите Центри за социјална работа низ државата. Целта е преку непосредни средби и разговори да се унапредат правата и услугите за граѓаните кои се корисници.

Министерството за труд и социјална политика продолжува со грижата за сите граѓани со акцент на најранливите.

Tags: подобри условиподрачни центри за социјална работаТренчевска
Next Post
Бисера Костадиновска Стојчевска

Костадиновска-Стојчевска: Објектите на Скопје 2014 се како кич циркони и симболи на делба

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk