ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ поднесе Декларација за Илинден и ги повика сите пратеници да ја поддржат

July 28, 2023 13:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска до Собранието поднесе Декларација за Илинден – најголемиот македонски државен празник. Очекуваме оваа Декларација наскоро да се најде пред пратениците и повикуваме секој пратеник без разлика од која партија доаѓа, да ја поддржи и таа да биде усвоена од македонското Собрание, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

-Оваа година се навршуваат 120 години од Илинденското востание и создавањето на Крушевската република. Идеалите на таа Република и тоа востание беа инспирација на идните генерации борци за слобода кои во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ ја формираа првата македонската држава. Овие настани имаат големо значење за македонската историја и за борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава, рече Каевски.

Според него, идеалите на Илинденците, македонските партизани и сите оние кои се бореа за слободна и демократска Македонија и за рамноправност и соживот на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или идеолошка припадност, треба да служат како основна водилка за сегашните и идните генерации за слободна, демократска и просперитетна Република Северна Македонија.

– Македонскиот народ, заедно со припадниците на другите народи кои живеат во неа и денес ја продолжуваат борбата за демократија и просперитет, водени од принципите на прогласите на Крушевската република и Декларацијата за основните права на граѓанинот на демократска Македонија усвоени на Првото заседание на АСНОМ кои денес се преточени во преамбулата на Уставот на Северна Македонија, рече Каевски.

Оддавајќи почит на пожртвуваноста на борците за слобода и демократија наша должност е, како што нагласи, постојано да го искажуваме нашиот восхит и почит кон сите оние кои ги дале своите животи за слобода, испраќајќи со тоа силна порака за заедништво, рамноправност и демократија.

– Сето ова е содржано во Декларацијата што денеска ја поднесовме до Собранието, рече пратеникот Каевски.

Tags: резолуцијаСДСМ
Next Post

Шукова: Прашање на време е кога ќе почне да се имплементира проектот за изградба на Пречистителна станица во Скопје

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk