Во Сингапур денеска беше егзекутирана 45-годишна жена поради шверц на дрога, соопштија сингапурските власти.
Тоа е прва егзекуција на жена во градот-држава по речиси 20 години.
Егзекутираната жена е прогласена за виновна за шверц на 30,72 грама хероин, што е двојно поголема количината што се казнува со смрт во Сингапур.
Жената беше осудена во 2018 година.
Сингапур има еден од најстрогите закони за дрога во светот – трговија со повеќе од 500 грама канабис и повеќе од 15 грама хероин може да се казни со смрт.