Оддавајќи и почит на неодамна починатата музичка ѕвезда Шинед О’Конор, пејачката Алисон Мојет на Твитер објави дека ирската пејачка е „убава како и секоја девојка наоколу и никогаш не отстапувала од тоа. Го сакав тоа кај неа“, пренесува „Хералд Скотланд“.
Во едно интервју во 2017 година, О’Конор му рече на ТВ психологот д-р Фил: „Еден ден ме прашаа дали ќе ја пораснам мојата коса и ќе носам кратки здолништа затоа што сакаа да ме продадат поради мојот сексапил“.
„Не сакав да бидам продадена врз основа на тоа. Ако треба да бидам успешна, сакам да биде затоа што сум добар музичар“, одговорила О’Конор.
Г. Т.