Антидемократски позиции беа изнесени на конгресот на екстремно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ изминатиов викенд, јавува Германската агенција за внатрешно разузнавање, јави ДПА.
Шефот на службата, чие официјално име е Федерална служба за заштита на Уставот – Томас Халденванг, за ДПА изјави дека при изборот на кандидатите на партијата за изборите за Европскиот парламент следната година, „се ширеле десни екстремистички теории на заговор“.
„Целосната листа на кандидати и предизборната програма на партијата се уште не се готови. Независно од тоа е очигледно дека луѓето кои привлекуваа внимание во минатото со позиции неспоиви со основите на нашиот демократски поредок, ќе бидат дел од групата „Алтернатива за Германија“ во новиот Европски парламент“, рече Халденванг.
Конгресот на „Алтернатива за Германија“ почна минатиот викенд и ќе продолжи претстојниот викенд.