ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ – нови национални установи

August 1, 2023 15:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на големиот државен празник, Илинден, кога во државата се прославува Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ со што се конституира македонската држава, Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност.

Традиционалните активности со кои се слави слободата, победата, борбата и жедтта на македонскиот народ и сите други народи кои живеат во земјава за слободна, независна и демократска држава, „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе функционираат преку целата година како национални установи.

Иницијативата за основање на установата „Десет дена Крушевска Република“ е со цел поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Република Северна Македонија. Националната установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, ќе биде сместена во објектот на Националната установа Историски Музеј – Крушево, што е во сопственост на Република Северна Македонија.

Иницијативите се поднесени од Министерството за култура каде што е предвидено Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар да ги одбележува деновите на Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Северна Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Новите национални установи според досегашната нивно постоење и програмски содржини, продолжуваат да дејствуваат во духот на афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност.

Tags: „Денови на Смилевскиот конгрес“„Десет дена Крушевска Република“национални установи
Next Post

Исланд е првата членка на НАТО која ја затвори својата амбасада во Русија

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Трамп планира директно да разговара со Мадуро, објави Аксиос

November 25, 2025
Фото: Скирншот, АП

Зеленски: Украина е подготвена за мировен договор со САД и Европа

November 25, 2025

Отворени места во студентските домови: МОН објави втор повик за пријавување, рокот е до крајот на месецот

November 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 25 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Србија ќе даде 42 милиони евра за учество на земјите на EXPO 2027: Поддршка за 81 држава и меѓународни организации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: За кратко ќе се знае цената на струјата, што ЕСМ ќе ја понуди на тендер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ја претстави „Мисија 2029“: Нова Програма за борба против корупцијата во и надвор од судството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали микробрановата печка ја „убива“ храната?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk