ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Судскиот совет ја претстави „Мисија 2029“: Нова Програма за борба против корупцијата во и надвор од судството

November 25, 2025 15:32
in ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет денеска ја претстави новата Предлог-програма за борба против корупцијата и Акцискиот план за спречување коруптивни појави за периодот 2026–2029, документ којшто, според претседателот на Советот Александар Камбовски, претставува важен чекор и за правосудниот систем и за европските интеграции на државата.

Камбовски посочи дека судството има двојна улога, односно да пресудува во коруптивните предмети, но и да спречува појава на корупција внатре во сопствениот систем. Документот, вели, е насочен токму кон адресирање на коруптивните појави надвор, но и внатре во судскиот систем.

– Денеска е голем ден за Судскиот совет. Успеавме да приготвиме Предлог-програма за борба против корупцијата и Акциски план за нејзино спречување, за периодот од 2026 до 2029 година. Ова е многу битно за нас, имајќи ја предвид самата темата која ја опфаќа тоа е корупцијата, која, како што знаете, во моментов е доста актуелна во нашата држава и, за жал, присутна во сите пори на општеството. Една од задачите на судството е да ги суди тие коруптивните појави преку предметите кои се обработуваат во судовите. Но, исто така, не помалку важна задача е судовите да се справуваат со можната појава на коруптивни дејствија и внатре во самиот систем, рече Камбовски.

Планот се очекува да биде усвоен следната недела на седница на Советот, појасни Камбовски, истакнувајќи дека во него се адресирани токму ваквите прашања поврзани со борбата против корупцијата, со точни чекори, мерки и временски рамки кога треба да се преземат.

Нагласи дека програмата е значајна не само за правосудството во земјава, туку и како дел од пошироката реформска агенда поврзана со евроинтеграциите. Според него, при изработката се земени предвид слабостите од претходниот план.

– Не само што е важна оваа Програма за самото правосудство за нашата држава, важен аспект е дека таа е дел од од реформската агенда по која што нашата држава се движи кон конечно полноправно членство во Европската унија … Не можеме да кажеме дека сме целосно задоволни од спроведувањето на претходната стратегија, но сме задоволни дека работите тргнаа. Овој пат, поучени од грешките, очекуваме многу повисока реализација, додаде претседателот на Советот.

Во однос на улогата на етиката во работата на судиите, Камбовски истакна дека интегритетот, непристрасноста и етичкото однесување се суштински за секој судија. Во контекст на следење случаи на непрофесионално однесување, тој напомена дека досега се евидентирани само мал број на такви појави, но, сепак, нагласи, во програмата се воведуваат и нови механизми во согласност со европските стандарди, кои што се насочени кон поефикасно детектирање на таквите појави.

Осврнувајќи се на довербата во судството, тој предупреди дека таа не може да се врати само со донесување на еден документ, ниту со исполнување на една цел од Програмата. Според Камбовски, за да се врати довербата во судството кај граѓаните, потребно е време и континуитет во работата.

– Довербата во судството не може да се врати со носење на документ, ниту со исполнување на една цел од оваа програма. Потребен е континуитет и време, но навистина се надевам дека ќе успееме да се придвижиме и да мрднеме од оваа точка на која сега се наоѓаме. Нема да биде идеално, но ќе биде подобро, порача Камбовски.

Во однос на наводите дека лицето кое што е осудено на 10 години затвор за несреќата кај Ласкарци, не е достапно за органите на прогонот, Камбовски рече дека немал увид во случајот и дека не би сакал да коментира без точни информации. Доколку се утврди пропуст, вели, Судскиот совет ќе постапи согласно надлежностите.

Прашан за коментар во врска со изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за состојбите во судството, Камбовски рече „во последните излагања премиерот, колку што слушнав, покажа волја да направи законски измени и да предложи измени до Собрание, каде што ќе добиеме финансиска независност“.

– Финансиската независност е прв чекор. Реформите што ни претстојат не се однесуваат само на платите на судиите, туку опфаќаат цел пакет закони, од Законот за Судски совет до Кривичниот законик и Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Платите на судиите се еден минимален дел од пакетот на реформи кои што нашата држава се усогласила да ги направи. Значи по европскиот пат којшто ние го одиме и европските реформи кои што треба ние да ги преземеме вклучуваат еден куп закони. Во ниту еден од овие закони не станува збор за примањата на судиите. Така што, не дека реформата се однесува само за платите на судиите, рече Камбовски.

Камбовски посочи дека дел од реформските мерки бараат минимални фискални импликации, но дека некои не можат да се реализираат без нови вработувања. Како пример го наведе фактот дека Судскиот совет веќе подолг период нема лице за односи со јавност, поради што комуникацијата со медиумите ја вршат или членови на Советот или самиот тој.

– Професионалец за односи со јавноста е неопходен. Не може судија или правник подобро да го работи тоа од човек што е обучен за комуникации, оцени Камбовски.

За потребите од буџетски средства, Камбовски оцени дека најпрво мора да се направи целосен пресек на состојбата, од инфраструктура до човечки ресурси.

– Ако сакаме функционално судство, мора да има финансии. Од одржување на судските згради, до плати, придонеси и стручни кадри, сето тоа чини. Под определен минимум, единствено решение би било судовите да се затворат, предупреди претседателот на Советот.

Камбовски додаде дека, еднаш кога ќе се стабилизира системот, буџетските потреби можеби ќе се намалат, но дека во моментот е неопходно да се инвестира за да може судството да функционира нормално.

Next Post
Фото: Милитарни/Х

Украина уништи уникатен руски авион за ласерско тестирање при нападот со дронови врз воената инфраструктура во Ростов

Shortcut

Најново

Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk