ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повик за субвенциониран студентски оброк за 2023/2024 година, дневниот износ 140 денари

August 1, 2023 10:07
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ

Министерството за образование и наука објави повик за субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, кој ќе биде со дневен износ од 140 денари. За тековните студенти рокот за пријавување е од денеска до 10 август 2023, а за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 7 октомври 2023. Студентите што ќе стекнат право на субвенциониран оброк ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка поврзана со наменска платежна картичка.

Право на субвенциониран оброк имаат редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, кои не се во редовен работен однос; не се регистрирани како индивидуални земјоделци и кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во државава за тековната година.

Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, што студентот ја добива од МОН за купување приготвена храна. Корисникот има право на оваа услуга од понеделник до сабота и доколку во тој период не го искористат правото на субвенционирање студентски оброк, износот од субвенцијата не му се префрла во наредниот ден. Субвенциониран студентски оброк не може да се користи од 1 јули до 1 октомври во годината во која корисникот го стекнал тоа право, како и за време на државни празници и неработни денови.

Кандидатите треба да се пријават електронски на линкот: https://e-uslugi.mon.gov.mk и притоа да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат. Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.

Во јавниот повик е наведено дека МОН склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје за реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк така што сите студенти кои ќе се стекнат со ова право ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка за субвенциониран студентски оброк, независно од тоа дали претходно биле клиенти на оваа банка. За отворањето на сметката и издавањето на платежната картичка студентот нема да има трошоци.

-Студентот ќе може да ги троши средствата наменети за субвенциониран студентски оброк кај даватели на субвенциониран студентски оброк, кои се правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна единствено преку картичката на Шпаркасе банка АД Скопје. Доколку студентот не ја подигне навремено картичката или воопшто не ја подигне картичката, нема да може да ги искористи средствата на ниту еден друг начин. Рокот и начинот на подигање на картичките ќе биде дополнително објавен од Министерството и Шпаркасе банка, појаснува МОН во објавениот повик.

Исто така, во секој месец од академската 2023/2024, во деновите од 1 до 7 во месецот, ќе тече рокот за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик за остварување на ова право или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик.

-Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на субвенциониран студентски оброк. По извршената проверка на податоците за студентите кои ги исполнуваат условите од јавниот повик исплатата ќе се врши ретроактивно за периодот кој почнува од 15 септември па натаму се додека студентот ги исполнува условите согласно овој јавен повик, наведува МОН во објавениот повик.

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард, на контактот: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

Tags: МОНстудентски оброк
Next Post
NICT

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители на префектурата Окинава заради приближување на тајфунот Ханун

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk