Младите социјалдемократи заедно со генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, утрово организираа коњички марш во Крушево по повод Илинден.
Маршот до споменикот кај месноста Слива близу Крушево, беше организиран во чест, слава и почит на македонските востаници и нивното јунаштво при одбрана на Крушевската Република.
СДСМ, како државотворна партија со низа активности оддава почит и одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и одбележување на најголемиот државен празник 2 август – Денот на Републиката.
Идеалите и заложбите за слобода, правда и еднаквост од Илинден 1903 и темелите на македонската државност од Илинден 1944 година, од АСНОМ, за СДСМ остануваат водилка во борбата за градење модерна, демократска, слободна држава, идна членка на ЕУ.