На улицата „Втора македонска бригада“ во Скопје, денеска во 10:50 часот полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(53) од Скопје, кој бил баран со централна потерница.
Лицето било барано врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, соопшти МВР.