ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Стример на Твич обвинет за поттикнување бунт и незаконско собирање на голема толпа луѓе откако објавил дека ќе дарува на отворено на Јунион Сквер во Њујорк

August 5, 2023 10:47
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Си-Ен-Ен

Фото: Си-Ен-Ен

Share on FacebookShare on Twitter

Инфлуенсерот на социјалните мрежи Каи Сенат е обвинет за потткнување бунт и незаконско собирање на толпа луѓе, откако илјадници млади луѓе се собрале на Јунион Сквер во Њујорк да учествуваат на неговото дарување, пренесе Си-Ен-Ен.

Како последица на овој настан, десетици луѓе се уапсени, а неколку полициски службеници се здобиле со повреди.

Сенат, кој има над 4 милиони следбеници на Јутуб, преку 5 милиони на Инстаграм и 6,5 милиони на Твич, во средата се обратил на своите следбеници во живо на Твич дека ќе спроведе „огромно дарување“ во петок во 16.00 часот попладне во Јунион Сквер.

Притоа, за време на обраќањето во живо, изјавил дека ќе дарува разни гаџети, од типот на компјутери, тастатури, камери, микрофони, столчиња, слушалки, од камион,  бидејќи  верувал дека Њујорк го заслужува тоа.

Луѓето почнале да се собираат во паркот околу 15.00 часот напладне изјавил началникот на њујоршката полиција, Џефри Мадри, на едната прес-конференција, додавајќи дека „за кратко време, паркот и околните улици биле преплавени со луѓе, кои го попречувале сообраќајот“.

Во рок од неколку минути, 300 деца станале илјадници деца, изјавил началникот на полицијата на втората прес-конференција.

Тој истакнал дека како што растела топлата, така „извесни лица во паркот почнале да се однесуваат насилно кон полицијата и околината. Дел од насилниците успеале да прибават предмети од околното градилиште.

„Имаше луѓе кои шетаа наоколу со лопати, секири и други алати од градилиштето“, „А исто така, поединци палеа огномети и ги фрлаа кон полицијата, и фрлаа кон нив.“

Полицијата го отстранила Сенат од безбедносни причини, посочи началникот, според кој стримерот на Твич не ја известил полицијата дека ќе собира луѓе, ниту пак имал дозвола за такво нешто, со што самиот собир се смета за незаконско дејство.

Неколку полицајци се здобиле со повреди, а голем број луѓе беа уапсени додека полицијата работеше на расчистување на толпата, рече Мадри. Тој гестикулираше кон нечистотијата на својата униформа, велејќи: „Бев во средината на толпата, ме удираа со повеќе предмети“.

„Некои родители излегоа во паркот во потрага по своите деца“, но Мадри рече дека посакал повеќе родители да дојдат да помогнат да се разбие толпата.

Полицијата уапси 65 лица, вклучително и 30 малолетници, рече Мадри на прес-конференцијата во петокот вечерта. Тој истакна дека видел млади луѓе повредени во толпата како и полицајци.

Сенат е обвинет за две точки од обвинението за поттикнување бунт и незаконско собирање, меѓу другите обвиненија, рече Мадри.

„Ние не сме против младите да се забавуваат, не сме против младите да се собираат“, рече Мадри. „Но, не смее да случи вакво нешто до ова ниво, каде што е опасно. Многу луѓе беа повредени денес“.

Сенат за време на неговиот пренос во средата рече дека присутните ќе можат да освојат награди откако точно ќе одговорат на „случајни прашања“ поврзани со Јутуб и стриминг. „Ако одговорите точно, бум, добивате PS5“, рече тој.

Сенат емитуваше во живо на Твич во петокот за одреден дел од настанот, објавувајќи видео од толпата. Во едно видео навидум објавено од внатре во камион, тој го опиша хаотичното собирање, велејќи: „Секој е за себе. Тоа е војна таму“. Тој го опиша и силното полициско присуство.

Во петокот попладне, инфлуенсерот објави слика на Инстаграм за насобраната толпа со пораката: „Ве сакам момци, вие сте неверојатни“.

Инфлуенсерите треба да се искомуницираат со органите на редот пред да организираат каков било настан, за да можат да се постават бариери и да се донесат дополнителни службеници, рече Мадри.

Извор: Си-Ен-Ен

Подготви: М. Пешевска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дарувањеинфлуенсерКаи СенатЊујоркполицијасобирањетолпа

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинскиот министер Сибига: За правилните називи и самопочитта – Кијив, не Киев!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk