Пожарите кои ги зафатија Шпанија и Португалија изгореа илјадници хектари шума за време на викендот. Најлошо беше на западот на Португалија, каде до денеска наутро беа уништени 6,2 илјади хектари шума, а шест лица се повредени, соопштија португалските власти. Неколку села се евакуирани, а во други е воведен полициски час, пишуваат западните медиуми.
Со огнената стихија се борат 1.100 пожарникари и 11 хеликоптери и канадери. Пожар гори од петокот во областите Кастело Бранко и Проенса-а-Нова. Портпаролот на цивилната одбрана Џоди Рато изјави за новинарите дека ставањето под контрола на пожарот најверојатно ќе потрае неколку дена.
Во Шпанија, властите синоќа соопштија дека најмногу успеале да го спречат пожарот во близина на Портбу, во североисточна Каталонија, недалеку од границата со Франција. Таму изгореа 573 хектари земјиште. Уште еден шумски пожар гори во Хуелва, Андалузија, но тој денеска е „стабилизиран“, соопштија регионалните власти.
Г. Т.