Земјотрес со интензитет од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди мексиканската држава Чијапас, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
„Државните органи за цивилна заштита ги активираа протоколите за следење на потреси откако земјотресот беше почувствуван во повеќе подрачја, и покрај тоа што засега не е пријавена материјална штета“, напиша на својот профил на мрежата Икс гувернерот на државата Чијапас, Рутило Ескандон.
ГФЗ исто така соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 127 километри.