Полициски службеници од ОВР Неготино денеска ги привеле К.Р.(21) и Д.Ѓ.(19), двајцата од Неготино поради кражба.
Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, тие се сомничат дека на 07.08.2023 на улица „Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино.
Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.