ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Уставни измени под мој диктат!

August 18, 2023 11:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВУКО МЕЛОВ

Полека влегуваме во завршната фаза, од процесот кој започна минатата година со таканаречениот француски предлог.

Истиот треба да финишира со уставните промени и почетокот на преговорите со ЕУ.

Една од клучните, стратешки дефинирани интереси на македонската држава.

Прашањето на уставните измени, и отварањето на преговорите со ЕУ, од аспект на општествен, економски, институционален, напредок значи многу за македонската држава.

Овој процес треба да обезбеди еден широк политички и општествен консензус, околу правецот на кој сакаме да ни се движи државата.

Процес кој ќе ни овозможи отварање на едно ново поглавје во македонската државност.

Ако ги погледнеме првичните бугарски позиции, во однос на овој спор, од гласањето на декларацијата во бугарскиот парламент, негирање на македонскиот народ, јазик, денес е сведено на вметнување на 3.000 Бугари во Уставот.

Реално, што ние како држава и народ би изгубила со евентуалното вметнување на Бугарите во Уставот, кој според францускиот предлог, ни е клучниот услов за почнувањето на преговорите со ЕУ?

Имено, со вметнувањето на Бугарите во Уставот само правиме јасна дистинкција, разлика помеѓу двата народи.

Со тоа ја побиваме „големобугарската” теза дека сме еден ист народ.

Затоа и денес имате изјави на угледни лица од општествениот живот во Бугарија, кои велат дека е грешка на бугарската дипломатија.

Дека не требаше да се прифати оваа работа како услов за наше отварање на преговорите.

Од оваа губитничка позиција на бугарската дипломатија, можеме да ги спаси единствено нашата глупост.

Позицијата на Христијан Мицкоски

Од оваква чиста и јасна позиција во однос на македонската посебност, народ, јазик, единствено “политичари” од калибарот на Христијан Мицкоски и екипата околу него, може да и фрли гума за спасување на Бугарија.

Да им даде ново алиби.

Да ни ставаат нови вета.

Да им ги зголемува апетитите, барањата, кои секако нема да бидат само вметнување во Уставот.

Да ни приредат нова реприза, на веќе видена приказна.

Искрено се жестам кога гледам, како со лаги, манипулации сакаат повторно да не превеслаат жедни преку вода.

После минатонеделното интервју на американската амбасадорка, веќе никој од ВМРО- ДПМНЕ не зборува дека е можно репреговарање на договорот, постигнување на нов договор, односно промена на преговарачката рамка.

Таквата позиција на Христијан Мицкоски, од страна на американската амбасадорка беше квалификувана како лажна вест, што да бидеме искрени не е прв пат.

Ако ги анализирате сите изјави на лидерот на опозицијата, ќе видете едно драматично ретерирање во однос на она што го зборуваа претходно.

Христијан Мицкоски никаде не вели дека е против вметнување на Бугарите во Уставот.

Клучните две позиции на Христијан Мицкоски се, дека тој и ВМРО- ДПМНЕ не се против вметнување на Бугарите во Уставот, но се против тоа да се прави под туѓ диктат, и дека уставни измени во овој парламентарен состав нема да има.

Во оваа игра на зборови, всушност се крие целата задкулисна игра на Христијан Мицкоски во однос на ова прашање.

Што значи тоа „Не под туѓ диктат”  и „Не во овој парламентарен состав”?

Тука лежи кваката.

Под чиј диктат би се правеле уставните измени?

Единствено кога тој лично би го менаџирал процесот?

Кога тој би бил власт во Македонија?

Тоа ли е главниот проблем на Христијан Мицкоски околу уставните измени?

Што тој не е власт во Македонија?

Велат „Не во овој парламентарен состав”.

А во наредниот парламентарен состав, нема да биде проблем за него и ВМРО- ДПМНЕ да гласа за уставните измени?

Или да ги почекаме резултатите од изборите, па ако има Христијан Мицкоски мнозинство за Влада, тогаш нема да му биде проблем да гласа уставни измени?

Е на тоа е сведена позицијата на ВМРО- ДПМНЕ.

На гола борба за власт.

Од минатата година, па до ден денес, го користи прашањето околу уставните како единствено прашање околу кое ќе прави мобилизација, рејтинг, за доаѓање на Власт, коцкајќи се притоа со иднината на својата земја.

Меѓутоа иднината на државата и никогаш не била во преден план за ВМРО- ДПМНЕ. Државниот интерес таму секогаш е подреден на оној поважниот за нив, односно партискиот.

А тоа е да се дојде на власт, и државните ресурси да се стават во функција на партијата и лично богатење на одредени поединци, како што тоа беше случај во минатото.

Кога патриотите ќе стивнат

Минатата недела имавме посета на косовскиот премиер во Македонија.

Случајно или не, истиот немаше официјална посета со претставници на Влада на Македонија.

Посетата се сведе на средби и митинг заедно со опозицијата од албанскиот блок, или да бидам попрецизен со коалиционите партнери на Христијан Мицкоски.

Главната теза „патриотскиот” блок, чиј предводник е „најголемиот” патриот во Македонија, Христијан Мицкоски, е дека моменталната власт ги „продава” македонските национални интерес на нашите соседи и на Албанците во Македонија.

Вака како „најголем” патриот во државата, и како „најпатриотска” партија во Македонија, чуден е гласниот молк на целата оваа структура, вклучително и на нивниот лидер, за настан на кој се промовира, возобновува идејата за „Голема” Албанија.

Не слушнавме ништо, ниту една изјава или пишано соопштение, во однос на оваа тема од страна на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ.

Вака ли се бранат македонските национални интереси?

Дали со овие претставници на албанската опозиција во Македонија, планира Христијан Мицкоски да ја прави евентуално новата Влада?

Дали за него е прифатлива идејата за „Голема” Албанија?

Дали ова значи втурнување на Македонија како монета за подткусурување во решавање на прашањето на Косово?

Дали негласањето на уставните измени, ја води Македонија во евентуално такво сценарио во иднина?

Ова се прашања и дилеми кои се важни за иднината на нашата држава и на кои треба да ни одговори „најголемиот” патриот во Македонија.

Гласањето на уставните измени значи продолжување на нашиот пат кон Европската Унија. Можеби тоа ЕУ ни звучи многу апстрактно, но тоа всушност значи подобар систем, подобра економија, подобра инфраструктура, со еден збор подобар живот за македонскиот граѓанин.

Се друго е лага и манипулација.

Несигурна иднина.

Манифестација на еден лажен патриотизам, зад кој се крие голата желба за власт, моќ, тендери и пари.

Кој може лесно да ја втурне Македонија во непосакувани сценарија.

На наш грб некој друг да си ги решава своите проблеми, а ние да бидеме компензација за тоа.

Тоа не е патриотизам, туку најголемо предавство на сопствениот народ и држава.

Патриотизмот, значи да бидеш одговорен пред твојата држава и граѓани.

Да не ги лажеш твоите граѓани.

Да преземеш одговорност, тогаш кога е тешко.

Да донесеш тешки одлуки, од кои нема да бидат сите воодушевени.

Да ја водиш државата на пат кој нуди перспектива.

Да го правиш ова, со можност за истото да платиш одредена политичка цена.

Само со таков пристап може да не биде како народ и држава.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Вуко Меловуставни измени

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk