ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Велев: Пуштена е антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии

August 18, 2023 14:58
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Пуштена е антидијабетната терапија и инсулинските игли, заедно со новите терапии. Тоа е она што го баравме. Сега се пушта последната терапија, бидејќи во меѓувреме, неделава, беше пуштена околу 95 проценти од терапијата. вели во изјава за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев.

На 11 август од Министерството за здравство најавија состанок со претставници на Сојузот, но Велев вели дека очекува да ги повикаат секој момент.

– Во меѓувреме, пуштаат антидијабетна терапија, заклучно со денеска комплет ја пуштаат цела, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност, вели Велев.

Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

– Тендерот е потпишан и за неколку недели, во најбрз можен рок, се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Два сензора ќе бидат нови. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори, изјави Велев.

Вели дека бараат сите лица со тип еден, да добијат сензори.

– Владата веќе најави 570 дополнителни нови сензори. Одлука нема формална, но се најавени. Нас нѐ интересира сега акцискиот план за превенција на дијабетес нѐ интересира за да може да почнеме со едукација. Имаме повеќе предизвици – протоколот да се смени што е изработен заедно со СЗО, претдијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин, да се оди на терцијално ниво, на клиника. Другото да го работат матичните и дијабетолозите, појаснува Велев во изјавата.

Во однос на најавите за тужби поради доцнењето на терапијата, Велев рече дека е разговарано со адвокати како да се состават претставки до Министерството, додека се чека средбата.

Tags: антидијабетна терапијадијабетДимче Велев
Next Post

Филипе Маса ја тужи Ф1 за заговор против него во 2008 година и бара да му се додели шампионската титула

НАЈНОВО

Гертманците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Почнува јавниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

August 23, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk