Ураганот Хилари вчера се движеше кон полуостровот Баха Калифорнија во Мексико, соопшти американска владина агенција, предупредувајќи дека катастрофални и опасни по живот поплави се веројатни и на полуостровот и во југозападниот дел на САД, пишуваат американските медиуми.
Американскиот Национален центар за урагани (NHC) соопшти дека ураганот ослабнал во текот на ноќта на пат кон западно-централниот брег на полуостровот.
Се предвидува дека ќе изгуби уште повеќе сила и ќе стане тропска бура на пат кон јужна Калифорнија во текот на денов и вечерва. Но, опасниот дожд останува голема загриженост, соопшти NHC, со врнежи од дожд до 25 сантиметри кои се очекуваат во некои региони на Баха Калифорнија и Калифорнија.
Stream running on the streets of #SantaRosalía this Saturday afternoon. #Mulegé #BajaCaliforniaSur #México .#HurricaneHillary #HurricaneHilary #flooding pic.twitter.com/3MsPNO3FUr
— mishikasingh (@mishika_singh) August 20, 2023
„Се очекуваат урбани поплави, локално катастрофални, особено во северните делови на полуостровот“, велат од агенцијата. Американскиот претседател Џо Бајден доби извештај за подготовките за урагани и соработката на неговиот тим со државните и локалните агенции пред невремето, соопшти Белата куќа.
На полуостровот Баха Калифорнија во Мексико, некои училишни и воннаставни активности се откажани до утре, а властите во вториот по големина град во Мексико, Тихуана, ги повикаа луѓето во областите со висок ризик да се преселат во привремени засолништа.
Current situation in Santa Rosalía, in the center of the Baja California peninsula. Effects of Hurricane Hilary, now a category 2. #HurricaneHilary pic.twitter.com/gX9SCsi0gz
— FLASHINFODUPATRIOTE (@powerwil96) August 20, 2023
Holy shit 👀 #HurricaneHilary
Baja California, Mexico.I hope everyone’s okay. pic.twitter.com/lP3hN4dlKc
— Christopher Webb (@cwebbonline) August 20, 2023
Ураганот Хилари се движеше кон север-северозапад со брзина од 27 километри на час, со максимални постојани ветрови од 177 километри на час, соопшти NHC.
Поројните дождови веќе зафатија делови од Баха Калифорнија и југозападниот дел на САД. Американските власти ги предупредија граѓаните и компаниите да преземат мерки на претпазливост.
Во САД ураганот веќе ги прекина летовите и бејзбол натпреварите, од кои некои се одложени или преместени.
Речиси 200 летови планирани за денеска на меѓународниот аеродром во Сан Диего се откажани, а уште 184 за утре, објави веб-страницата FlightAware.
Г. Т.