ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од ПДП до Демократското движење, сите партии на Албанците од 1990 година до денес

August 21, 2023 12:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На политичката сцена на Албанците во Северна Македонија има 10 активни партии. Пред одржувањето на парламентарните избори во 2024 година се отвори дилемата дали нивното формирање е здраво за демократијата или го прави спротивното.

Тогаш лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека се чувствува засрамен од големиот број партии на Албанците.

– Нека соберат памет и нека се организираат да ги обединат Албанците а не да ги делат Албанците. Се срамам да одам на средби, по шест албански делегации се таму. Шест албански делегации, две македонски! БЕСА доаѓа со шестмина меѓу себе кои не си веруваат еден на друг, Села со три-четворица, Тачи со двајца-тројца, Ахмети со двајца-тројца, Острени со двајца-тројца…, изјави Ахмети во октомври 2019 година.

Истото пред неколку недели го изјави и претседателот на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари, говорејќи за актуелната политичка состојба во политички табор на Албанците.

– Станавме 10 партии, станавме потсмев на светот. Не знам ни кој со кого работи“, изјави Тарвари.

Во 90-тите години на минатиот век, етничките Албанци од Северна Македонија имаа големи очекувања од новиот демократски систем, во кој поминуваше земјата и регионот.

На 15 април 1991 година беше формирана Партијата за демократски просперитет (ПДП), како прво народно движење кое го најави доаѓањето на повеќепартискиот систем, а за претседател беше избран Невзат Халили. На 23 јуни истата година е формирана Демократската народна партија, додека за претседател беше избран Иљаз Халими.

Во 1994 година, првиот претседател на ПДП, Невзат Халили, ја напушти својата партија и ја формираше Републиканската партија за народно единство, додека Ќенан Мазлами од истата партија ја формираше Партијата за демократска акција (ПДА), партија со конзервативна идеологија.

Тетовскиот огранок на ПДП, на чело со Мендух Тачи, се одвојува од партијата и иницира формирање на нова партија – Партијата за демократски просперитет на Албанците (ПДПА).

Во јуни 1997 година, по постигнувањето на договорот за спојување помеѓу Партијата за демократска просперитет на Албанија предводена од биномите Арбен Џафери и Мендух Тачи и Демократската народна партија на Иљаз Халими, се роди нов политички субјект – Демократска партија на Албанците (ДПА), а за нејзин претседател е избран Арбен Џафери, а за потпретседател Илјаз Халими. По една година оваа партија дојде на власт и остана до 2002 година. Потоа, во 2006 година стана дел од владата и остана до 2008, додека од 2020 година ДПА иако екстремно ослабена како партија, е дел од власта.

Во 2000 година, поранешниот функционер на ПДП, Аслан Селмани, ја напушти партијата и ја оснива – Демократската алијанса на Албанците, додека универзитетскиот професор по физичко образование Бесник Телаи ја формираше Демократска унија на Албанците (ДУА/БДШ).

На почетокот на конфликтот од 2001 година, на иницијатива на Џеват Адеми и докторот Кастриот Хаџиреџа, беше формиран нов политички субјект кој ја промовира идејата за федерализација на Северна Македонија како решение за барањата на Албанците за целосна рамноправност со етничките Македонци.

По потпишувањето на Охридскиот договор и неуспехот на Координативниот совет на партиите на Албанците, Али Ахмети – како основач и лидер на ОВК – одлучи да ја формира Демократската унија за интеграција (ДУИ), која и денес ја води. Од своето основање оваа партија победи на сите парламентарни и локални изборни циклуси и со тоа стана најдолговечната владејачка партија.

Во 2005 година, поранешниот пратеник Хисни Шаќири ја формира партијата Новите демократски сили (ФРД), откако ја напушти ДУИ. Потоа се приклучува на Демократската народна партија на Џезаир Шаќири (Командант Хоџа), формирајќи ја Народната демократска унија.

Во 2006 година, поранешниот командант на ОВК, Харун Алиу – Куштрими, ја формира Националната алтернативна, додека во 2008 година, по напуштањето на ДПА, на која и се приклучи во 2006 година, активистот и пријател на Али Ахмети. Бардил Махмути одлучува да ја формираат партијата Демократска унија на Албанците.

Во 2008 година, Имер Селмани ја напушта ДПА на Мендух Тачи и ја формира партија Нова демократија (НД).

Во 2010 година, Валон Бела ја формира партијата Сојуз на Албанците, која потоа се приклучува на ДПА.

По победата на локалните избори за градоначалник на општина Гостивар, Руфи Османи во 2011 година одлучи да ја формира Национална демократска обнова.

Во 2015 година беше формирано Движењето БЕСА, со Билал Касами како претседател. Оваа партија беше дел од владата во периодот 2020-2021 година, додека во 2021 година победи на изборите во општина Тетово и Желино.

Група партиски функционери на ДУИ, на чело со Гзим Острени, во 2015 година ја напуштија матичната партија и ја формираа партијата Унитети.

По неможноста да се наметнат промени на корнилото на ДПА, група функционери на оваа партија, под раководство на Зијадин Села, во 2014 година го започнаа Движењето за реформи во ДПА. Во 2017 година, со спојувањето со Унитети на Гезим Острени, беше формирана партијата Алијанса за Албанците (АА). Оваа партија моментално ја предводи Арбен Таравари и е дел од Владата.

По расколот во Движењето БЕСА, поранешни функционери на оваа партија во 2018 година ја формираат партијата Алтернатива на чело со Африм Гаши, оваа партија беше дел од владата во периодот 2017-2020 и 2021-2022 година.

Во 2022 година се формира Европското граѓанско движење, предводено од професорката Ѓила Чeлики. Тоа е единствената албанска партија со жена лидер.

По поделбите во ДУИ, од фракцијата „огнена група“ се роди Демократското движење (ДД) на чело со Изет Меџити. Партијата брои 3 пратеници и еден градоначалник.

Неодамна, по несогласувањата во Движењето БЕСА, беше формирана Европската демократска партија на чело со Аријанит Хоџа. Партијата брои 1 пратеник.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: партии на Албанците

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk