ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Васко Наумовски за „Слободен печат“: Ако нема ЕУ ќе нема контрола на реформите и притисок врз власта

August 22, 2023 15:15
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Васко Наумовски. Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Васко Наумовски. Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Share on FacebookShare on Twitter

Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои, вели Наумовски во разговорот за „Слободен печат“.

Васко Наумовски, поранешен потпретседател за евроинтеграции во владата на Никола Груевски и амбасадор во САД, смета дека конечната стабилизација на Балканот е можна само со негова интеграција во ЕУ. Во однос на прашањето дали има алтернатива за земјава, освен членство во ЕУ, тој потсетува дека не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив.

Дали зачленувањето на Западен Балкан во ЕУ, е и безбедносно прашање како што сметаат САД и Унијата?

– Искуствата на државите кои веќе се дел од ЕУ покажуваат дека, покрај економскиот напредок, политичката и безбедносна стабилизација во границите на ЕУ е повеќе од видлива. Самата ЕУ почна како мировен проект и откако таа постои нема конфликти помеѓу нејзините држави членки, за разлика од долгиот период на нивни меѓусебни конфликти претходно. Оттаму, конечната стабилизација на Балканот е можна со негова интеграција во ЕУ.

Во каква ситуација би се нашла Македонија ако не го продолжи дијалогот со ЕУ по завршувањето на скринингот?

– Секако дека тоа нема да ја зголеми поддршката за европската интеграција во државата. За жал, сме поминале низ повеќе разочарувања на нашиот пат кон ЕУ и граѓаните нема да го доживеат тоа многу драматично. Ризикот е што без преговори со ЕУ ќе недостига оној контролен механизам преку кој ЕУ ги надгледува реформските процеси и врши притисок врз власта за достигнување на европските стандарди во многу области.

Дали тој вакуум би го искористиле други странични сили за дестабилизација на земјата?

Ризикот од дестабилизација е значително намален со нашето членство во НАТО, поради што верувам дека нема да дојде до такво нешто. Доколку, пак, постојат определени сценарија за таков развој на настаните, тоа би требало да е дополнителна мотивација за ЕУ да го стави проширувањето во преден план и да не дозволи нејзините членки да го загрозат овој процес.

Што ќе се случи ако Албанија го продолжи европскиот пат без нас?

– Циклусите на проширување на ЕУ речиси секогаш се реализирале со држави кои заеднички пристапувале. Без разлика која кога ги започнала преговорите, мојата проценка е дека и нашето зачленување ќе биде во група од две или три други држави од Балканот.

Има ли алтернатива за земјава, освен членството во ЕУ?

– Секоја сериозна држава би требало да има разработено повеќе сценарија за сопствената иднина и на внатрешен и на надворешен план. Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои. Секако, тоа не ги исклучува нашите пријателски односи со останатите држави и асоцијации, во интерес на нашиот економски развој и подобри надворешно-политички позиции.

Има ли реални шанси да се промени преговарачката рамка како што заговара опозицијата?

– Преговарачката рамка е општ документ, и се однесува на процес кој ќе трае повеќе години. Во текот на тој процес ќе се сменат многу влади, и кај нас, и во ЕУ. Самата ЕУ ќе продолжи да се трансформира и не можеме да претпоставиме како ќе изгледа процесот на конечно пристапување на крајот на нашите преговори. Во историјата на проширувањето се видливи различни толкувања на критериумите за проширување, и нашата цел би требало да биде да не се излегува од рамките на Копенханшките критериуми, односно билатералните прашања да не се пречка за проширувањето.

Колку е реално да се поништи сегашниот и да се почнат нови преговори со Бугарија за подобар Договор за пријателство и добрососедство?

– Исполнувањето на одредбите од меѓународните билатерални договори зависи од двете договорни страни и постојат начини за престанок на нивното важење. Дали е можен подобар договор е прашање за политичките раководства на двете држави кои ќе ги водат државите тогаш кога ќе се отвори таква можност. Уметноста на преговарањето е да се дојде до решение кое ќе биде еднакво добро за двете страни, односно решение со кое и двете страни ќе имаат придобивки. Истовремено, затворајќи еден проблем на краток рок, да не се отвораат нови на долг рок.

Како ја коментирате улогата на меѓународната заедница во ангажманот да помогне во надминување на разликите меѓу власта и опозицијата околу уставните измени?

– Едно општество ја достигнува својата зрелост кога ќе биде во состојба проблемите да ги решава самостојно, без надворешни интервенции. За жал, ние како да не сме свесни дека решавањето на нашите меѓусебни разлики е наша должност, и решенијата ќе донесат придобивки за нас, за нашата држава, а не за некој друг. Оттаму, ние би требало да бидеме најмотивирани за решенија, а не да чекаме други да ги решаваат нашите проблеми. Интересите на меѓународната заедница се поврзани со забрзување на европската интеграција, а начинот на кој тоа ќе се направи на внатрешно-политичката сцена би требало да е наша одговорност. Сојузништвата треба да ги изградиме прво дома меѓу себе, и така обединети да настапиме на меѓународната сцена.

Без разлика на сегашниот дискурс на двајцата лидери кој оди од крајност во крајност, може ли да се каже дека барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се исполнуваат од страна на сите домашни и меѓународни фактори?

– Барањата на политичките партии се засновани на ставовите на нивните избирачи. Не би рекол дека се работи за исполнување на барања на поединечни политичари, туку за обид да се намали чувството на незадоволство и фрустрација кај македонските граѓани, предизвикано од непринципиелните потези на Европската Унија и на некои нејзини држави членки. Кредибилитетот на ЕУ на Балканот одамна е нарушен, и самата треба да се обиде да ја поправи таа перцепција, односно со конструктивни политики и искрена поддршка на процесот на проширување да го врати евро-ентузијазмот кај граѓаните во целиот регион.

Можна ли е идна широка коалиција во која би влегле ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и други партии на Албанците без ДУИ?

– Можни се сите коалиции кои ќе бидат поддржани од мнозинството пратеници и тука не би требало да се табуизира ниту една комбинација. Никој не е венчан за власта, а промените се природна појава која носи квалитет. Одлучувачки ќе биде бројот на пратеници кои ќе ги освојат партиите и нивната способност за создавање стабилна влада која ќе ги отсликува изборните резултати, како и севкупниот карактер на општеството.

За власта, европската перспектива е приоритетна задача и настојува на продолжување на преговорите со ЕУ, додека пак за опозицијата тоа е борбата со корупцијата и смета дека тоа е поважно од сè. Дали овие теми се противречни една на друга или може да одат во пакет?

– Борбата против корупцијата е меѓу суштинските проблеми на државата, и неслучајно е клучен дел од критериумите за членство во ЕУ. Корупцијата е основната пречка и за независното судство, и за странските инвестиции, и за политичката стабилност. Таа е причината зошто се повеќе луѓе ја гледаат својата иднина надвор од државата, и не смееме да дозволиме борбата против корупцијата да остане само на зборови. Успехот на државите кои се дел од ЕУ во голема мера се должи токму на нејзиното искоренување.

Љубиша Николовски / Слободен Печат

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Васко НаумовскиЕУ

НАЈНОВО

Мицкоски: Потребно е зголемување на кредитот за автопатот Кичево – Охрид

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп: Многу сум разочаран од Путин, воена опрема вредна милијарди долари ќе биде испратена во Украина

July 14, 2025

(ВИДЕО) Трамп ѝ се закани на Русија: Ќе испратиме „врвно оружје“ до НАТО сојузниците и Украина, ако не прекине војната за 50 дена

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од „свадба без невеста“ до сликање на автопат: Власта се гордее со проект што до вчера го нарекуваше фијаско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk