„Од година во година имаме подобрување на сите резутлати во борбата против криминалитетот. Оваа година имаме намалување на вкупниот криминалитет за 12,9 отсто“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Вести плус“ на Канал 5.
Тој додаде дека врвен приоритет се борбата против недозволената трговија со дрога и оружје и кажа дека во изминатите години има најголема заплена на наркотични средства и најголемо уништување.
„За првите шест месеци од оваа година имаме запленети 3,56 килограми кокаин, 289 килограми марихуана и 7,4 килограми амфетамини. Тоа покажува за сериозниот интензитет кој го има МВР во откривачката дејност“ рече Спасовски.
Министерот исто така кажа дека во првите шест месеци од оваа година запленети се и 79 парчиња оружје и над 40 илјади паричиња муниција и откриени се 84 кривични дела за недозволена трговија со оружје.