„Уште не дојден на власт, лидерот на ДПМНЕ, а политички следбеник на Орбан, влегува во отворена политичка „војна” со светот, Европа и Западот. Ова досега беше пракса на лидерите на ДПМНЕ кога си заминуваа од власта. Заеднички е наративот „Цел свет е против Македонија”, пишува во објава на фејсбук лидерот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ.
Хоџиќ како потврда на заклучокот дава цитат од изјава на Мицкоски во која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласува „Европа и Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ…“
„Денеска додека ова го зборувам, ние сме соочени пред историски предизвик. Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени.”- Мицкоски