ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Давам дополнителни напори за унапредување на Армијата како целина и квалитетот на живот на секој поединец во неа

August 24, 2023 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во кругот на велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес каде е и Командата за обука и доктрини и Центарот за индивидуална обука во нејзин склоп денеска се одржа свечена промоција во прв подофицерски чин – водник на 120 припадници на Армијата меѓу кои четири девојки, како и свечената заклетва на 150 професионални војници меѓу кои и 14 жени.

На свеченоста присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска, заменик началникот на ГШ на Армијата генерал мајор Азим Нуредин, началникот на Штабот на Командата за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, претставниците од Командата за обука и доктрини и Центарот за индивидуална обукаод велешката касарна и претставници на Армијата од други единици, претставници од министерството за одбрана и кабинетот на претседателот, голем број родители, роднини и пријатели на новопроизведените подофицери и професионални војници.

Честитајќи им го првиот подофицерски чин, а на професионалните војници свечено дадената заклетва, министерката за одбрана Славјанка Петровска потенцира дека е вистина дека секоја генерација има своја борба, но и вистина е дека во изминатите неколку години се време на најголеми предизвици со кои се соочил светот во последните 70 години.

-Токму затоа Командата за обука и доктрини е клучната карика преку која новите војници се надоврзуваат на Армијата. Процесот на обука тука е само првото скалило кое овозможува влез во војничката кариера, но личното унапредување и усовршување никогаш не треба да запрат. Како што се менуваат предизвиците во светот во кој живееме така и ние се менуваме и прилагодуваме. И тоа и дава поткрепа на нашата лична отпорност. А градењето на отпорност како една од клучните концепти на НАТО треба секогаш да започне со личен пример. Нашата подготвеност брзо, ефикасно и одлучно да реагираме на секоја ситуација ја покажува и нашата подготвеност да ги одбраниме вредностите кои ги споделуваме и да ги заштитиме државата и нашите граѓани. И токму затоа покрај сите предизвици со кои е соочено нашето општество, како министерка секогаш давам дополнителни напори за унапредување на Армијата како целина и квалитетот на живот на секој поединец во неа, потенцира Петровска.

Таа информира дека за релативно краток временски период овозможиле двојно поголем буџет на одбраната, набавка на современа опрема и вооружување, реконструкција и ревитализација на објектите и инфраструктурата кои се од стратешки интерес. Таа потенцира дека пред се’ ги продлабочиле врските со сојузниците, разменувајќи искуства и организирајќи заеднички вежби.

Потенцира дека постојано се адаптираат на новите предизвици и светот кој се менува бидејќи како што порача, учењето и реформите никогаш не треба да запрат.

-Секогаш кога ќе ја остварат целта кои ја завртале, зацртуваме нова стремејќи се кон лична, професионална и институционална извонредност. Но ништо немаше да биде важно ако не сте вие и луѓето како вас, вашите колеги и сите претходни генерации, а вие сте столбот врз кој почива македонската Армија, порача министерката Петровска.

За најдобар подофицер беше прогласен и му беше доделен сертификат на прворангираниот водник Димче Вакадински, на второрангираниот подофицер водник Филип Ангелковски и на треторангираниот водник Александар Трајковиќ.

Во своето обраќање од свечената говорница, прворангираниот подофицер водник Димче Вакадински информира дека дошле 120 и си ветиле братски едни на други и со голема иницијатива да завршат 120.

-Токму тоа и го остваривме.Научивме да станеме и кога ни беше најтешко, да бидеме пред другите бидејќи бевме колектив кој изгради голем соживот. Чекоревме храбро и чесно заедно со тимот инструктори низ ден и ноќта и токму затоа успеавме да ја постигнеме оваа наша цел, означена со кохезија, тактичност и држење еден до друг бидејќи станавме лидери. Затоа од денес, нашата Армија е горда и побогата со 120 високо обучени НАТО подофицери. Не сум само јас најдобар, најдобри сме сите заедно, порача прворангираниот подофицер водник Димче Вакадински.

Свеченото промовирање на професионалните војниците им го честита и заменик началникот на ГШ на АРМ генарал- мајор Азим Нуредин, кој посебно им оддаде признание на тројцата најдобро рангирани подофицери за нивното залагање и постигнатиот успех.

-Професионални војници со денешниот чин на давање заклетва станувате дел од Армијата која континуирано е институција со најголема доверба од граѓаните. Да се биде војник и припадник на Армијата за еден млад човек значи гордост, но во исто време и одговорност, пожртвуваност, посветеност и лојалност. Бидете горди што од денеска сте дел од Армијата на РС Македонија, им порача на новите професионални војници, генерал-мајорот Азим Нуредин.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АРМодбранаПетровска

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk