ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Некои трговски ланци се однесуваат нефер и неетички, вели Битиќи за поскапувањата на одредени производи

August 25, 2023 14:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Се прават последните анализи, а тоа што го знаеме и веќе полека го утврдуваме е дека млечните производи не се поскапуваат од страна на произвоителите, тие се доведени во ситуација да ги поскапат за одреден процент производите поради притисокот од трговците. Штом ги дознаеме сите инфорнации, соодветно ќе постапиме, дали со замрзнување на цените или со други мерки – се што е законски возможно ќе биде направено, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со поскапувањето на одредени прехранбени производи, Битиќи напомена дека некои трговски ланци нефер и неетички се однесуваат, не спомнувајќи притоа конкретни имиња.

Вицепремиерот уште еднаш потенцира дека нема да се толерира никој што ќе носи штетни одлуки за граѓаните.

-Добрите практики во трговијата не се практикуваат кај нас. Многу лесно со неколу прашања може да видите какво неетичко и нефер однесување имаат некои трговски ланци. Во овој момент не би сакал да кажувам имиња, штом ги добиеме, ќе бидат кажани. Јас не можам да останам нем на нефер практики во трговијата, а особено на практики кои одат на штета на моите сограѓани и на мене. Се додека сум на оваа позиција нема да останам нем, а практиките што тие ги практикуваат сметам дека ќе треба да бидат оставени за друго време, рече Битиќи.

За поскапувањето на лебот, потсети дека преработувачите веќе се изјаснија.

-Одредена асоцијација од стопанските комори кажа дека најавените поскапувања се шпекулации, дека нема услови за зголемување на цените на основните прехранбени производи, зашто сите параметри укажуваат дека има пад на суровините на прехранбените производи. Ќе го повторам ставот, мој и на министрите за економија, за финансии и за земјоделство – дека нема да се толерира ниту еден да направи одлуки кои ќе бидат на штета на граѓаните, нагласи Битиќи.

Tags: БитиќиПоскапувањаТрговски ланци
Next Post

Битиќи: Поради „Шпански скали“ на Јанакиески сме на арбитража, но тужителот има површни аргументи

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk