Американската министерка за трговија Џина Рајмондо, која денеска во Пекинг почна разговори со кинески владини претставници, рече дека е многу важно двете најголеми светски економии да имаат стабилен економски однос.
Таа посочи дека целиот свет очекува САД и Кина да имаат стабилен економски однос, наведувајќи дека односот меѓу двете земји е комплициран и полн со предизвици, но дека може да напредува доколку комуникацијата е директна, отворена и практична.
Рајмондо е во тридневна посета на Кина, за време на која ќе разговара со кинески претставници и американски бизнис лидери за унапредување на деловните врски меѓу двете земји.