Дизни, Њујорк тајмс, Си-ен-ен се меѓу десттина големи американски медиуми кои го блокираат пристапот до ChatGPT, и започнаа студена војна против вештачката интелигенција.
Редакциите на повеќе американски весници и телевизии преземаат одбранбени мерки да ги заштитат содржините од ChatGPT, револуционерен чатбот со вештачка интелегинција (ВИ) што за многумина е потенцијален агресор на и онака ослабената медиумска индустрија.
ChatGPT може да создаде имитација на текст, видео, звук и фотографија во речиси идентична форма и содржина како и оригиналниот автор на материјалот.
Блокирањето се прави со вметнување на кодови во вебсајтовите кои го спречуваат веб ползачот ChatGPT.да ја скенира нивната платформа за содржини.
Си-ен-ен соопшти дека досега ваква блокада имаат ставено Њујорк тајмс, Ројтерс, но и медиумските џинови како Дизни, Блумберг, Вашингтон пост, Атлантик, Аксиос, Инсајдер, Еј-би-си њуз, И-ес-пи-ен и Готамист, меѓудругите. Издавачите како „Конде наст“, „Херст“ и „Вокс медиа“ кои подготвуваат повеќе познати изданија, исто така презеле одбранбени мерки.
Длабоките архиви и правата за интелектуалната сопственост на овие медиумски организации имаат огромна вредност и се клучни за тренирање на модели на ВИ како ChatGPT, за корисниците да добиваат поточни информации.
Еден директор на медиуми кој побара анонимност изјави дека „повеќето од интернетот е ѓубре. Традиционалнте медиски издавачи, напротив, се раководат од факти и нудат квалитетни содржини“.
Студената војна протв ChatGPT започна, претстои да го видииме и првиот истрел, напиша Си-ен-ен.