Францускиот фудбалски репрезентативец Бенџамин Павар е нов играч на Интер, потврди официјално италијанскиот клуб.
Павар доаѓа во Интер од редовите на минхенски Баерн, а италијанскиот клуб не објави детали од договорот.
Според италијанските медиуми, Интер ќе му плати на Баерн 30 милиони евра за трансферот, плус дополнителни два милиони евра бонуси.
Павар го носеше дресот на Баерн од 2019 година, кога дојде од Штутгарт, и со актуелниот германски првак освои вкупно четири шампионски титули во Бундеслигата.