Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи од денеска е во официјална посета на Индија, соопшти индиското Министерството за надворешни работи.
Османи во Њу Делхи ќе има средби со потпретседателот на Индија Џагдип Данкар и со министерот за надворешни работи Субраманјам Џаишанкар.
– Срдечно добредојде за шефот на дипломатијата на Северна Македонија. Посетата ќе ги зајакне односите меѓу Индија и Северна Македонија, напиша на Твитер портпаролот на индиското МНР Ариндам Багчи.
Освен Њу Делхи, Османи ќе ја посети и Калкута.