ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Младите од земјите членки на ЕУ ги напуштаат родителските домови на 26 години, девојките порано од момците

September 4, 2023 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Во 2022 година младите луѓе во земјите членки на ЕУ се иселувале од домовите на своите родители во просек на возраст од 26,4 години, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Гледано по држави најдоцна своите родителски домови ги напуштаат младите во Хрватска и тоа на 33,4-годишна возраст, а по нив се нивните врсници во Словачка на 30,8, во Грција на 30,7, во Бугарија и Шпанија на по 30,3, Малта на 30,1 и во Италија во просек на возраст од 30 години.

Од друга страна, најрано се иселувале од домовите на своите родители младите во земјите околу Балтичкото Море – во Финска на старост од 21,3 години), пред Шведска на 21,4, Данска на 21,7 и Естонија на 22,7-годишна возраст.

Во изминатите 10 години, просечната возраст на која младите го напуштаат својот родителски дом се зголемиле во дури 14 земји на ЕУ и тоа најмногу во Хрватска за 1,8 години, пред Грција за 1,7 и Шпанија за 1,6 години.

Тренд на подоцнежно напуштање на домот на своите родители има и во некои од земјите каде младите најрано се осамостојуваат. Така, во 2012 година во Шведска, каде тогаш младите најарно го напуштале родителскиот дом и тоа на 19,9-годишна возраст, 10 години подоцна таа старосна граница е поместена за 1,5 години.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во периодот 2012-22 година, младите Европејци во просек најрано се иселувале од домовите на своите родители во 2019-та на 26,2 година, а најдоцна, на 26,5-годишна возраст во дури четири години – 2012, 2014, 2020 и 2021 година.

Кога станува збор за полот, девојките во сите земји членки на ЕУ порано ги напуштаат своите родителски домови од нивните машки врсници. Така, додека девојките во 2022 година се иселиле од својот дом на возраст од 25,4 години, кај младите мажи просекот изнесува 27,3-годишна возраст.

Во девет земји на ЕУ мажите ги напуштиле родителските домови над возраст од 30 години и тоа Хрватска, Бугарија, Грција, Словачка, Шпанија, Италија, Малта, Словенија и Португалија. Од друга страна, Хрватска е единствената членка на Унијата во која младите жени се иселиле од домот на своите родители на возраст од над 30 години.

Кога е во прашање родовиот јаз, тој е најголем во Романија од 4,5 години, каде мажите го напуштале родителскиот дом на 29,9 години, а жените на 25,4, и во Бугарија од 4,1 година – мажите се иселувале на 32,3 години, а жените на 28,2 години.

Родовиот јаз пак е најмал во Луксембург од 0,5 години, во Шведска од 0,6 и Данска и Малта од по  0,7 години.

Tags: ЕУмлади
Next Post

Граѓански патриотизам наспроти параноичен национализам

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk