Според првични информации од случајот со онкологија, мајндмастер на криминалната група е Македонец а негов прв асистент е Албанец. Би требало да е небитен етничкиот аспект бидејќи се работи за криминал од невидени размери. Но, нагласувањето на делот со Косово и наративот “лекот што требало да го земе македонецот бил продаден на албанци/косовари” е сосема погрешен, напиша Агим Селами од ЗИП институтот, на својот профил на Фејсбук.
Дали само Македонецот боледува од рак? И дали знаете дека превалентноста на ракот кај Албанците (поради понизок квалитет на живот, понизок степен на свесност за здрава нутриција, и редовни превентивни здравствени прегледи) е повисока во споредба со Македонците? Сакам да кажам дека ако се украл лекот од пациенти од Македонија, меѓу тие пациенти на кои им е одземено правото на живот, голем процент се токму Албанци. Конечно, треба здружен пристап против криминалот а не да се мери кој етникум е помалку/повеќе криминализиран.
Пр3еземено од ЦивилМедиа