ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Сите инволвирани во случајот Онкологија ќе одговараат, без никаква толеранција кон нив

September 4, 2023 11:37
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА

Секој еден кој бил инволвиран, без разлика на позиција, ќе одговара. Посебен тим од Крим полиција работи во координација со Основното јавно обвинителство, направен е целосен план во однос на постапување и интензивно се работи на прибирање на информации, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Клиниката за онкологија.

– Мислам дека лично не би требало да почнувам со клише за тоа што се случува, нема збор што може да ја опише самата помисла во однос на случките на Клинка за онкологија. Најблаго кажано, сметам дека се изгубила човечката димензија, ова се состојби коишто во континуитет подолг временски период траеле. Вие знаете дека имаше неколку пати јавни написи, имаше одредени пријави кои беа доставувани до МВР, до ОЈО, и тоа беше основната причина за која што се отвори предмет во ЈО и веќе се преземаат процесни дејствија, рече министерот Спасовски во гостување на ТВ21, додавајќи дека мора да се истера до крај и да се анализираат сите аргументи.

Тој дополни дека во моментов не може да се зборува за конкретни информации.

– Конкретноста на информациите не можеме да говориме и да откриеме сега, не смее да се влијае на постапката, се со цел да не се руши еден дел од доказната постапка, пред сѐ во смисла на сведоци. Постојат постапки и процедури, бројот на лица со ПИМ е поголем и тоа е засега што може да се соопшти во јавноста. Виновниците имаат име и презиме и тие мора да бидат утврдени, истакна министерот Спасовски.

Нагласи дека сите инволвирани ќе одговараат, без никаква толеранција кон нив.

– Ваков чин на злосторство, нехуманост, нечовечко однесување, од било кого да е направено, нема да има никаква толеранција. Тоа е основата која ја имаме во работењето со ОЈО и тука нема да има пардон за никого. Се случувале 20 години вакви настани, имало индиции многу пати до сега, но сега е дојден моментот да се расчистува со корупција и за тоа ги преземаме сите чекори и мерки кои стојат на располагање. Секој еден кој бил инволвиран без разлика на позициите кои ги имале, ќе биде дел од процесот и ќе носи одговорност, рече Спасовски.

Tags: онкологијаСпасовски
Next Post

Бауер: За три години Северна Македонија постигна импресивно ниво на воена интеграција во НАТО

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk