ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска во Босилово на отворање на детеска градинка и Центар за стари лица

September 4, 2023 09:13
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во општина Босилово ќе присуствува на отворање градинка и Центар за стари лица.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во 11 часот ќе се одбележува официјалното отпочнување со работа на ЈОУДГ „Среќни насмевки“ во Босилово. На одбележувањето ќе се обратат министерката и градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.

Со почеток во 13 часот, пак, ќе биде означен официјалниот почеток со работа на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во селото Турново во општина Босилово.

– Во рамки на настанот, министерката ќе ја предаде дозволата за вршење дејност од областа на социјалната заштита, на општинскиот огранок на Црвениот крст од Струмица, кој ќе управува со новиот Центар. За неговото значење за пензионерите и постарите лица од оваа општина, покрај министерката, ќе говорат и градоначалникот Манчев, како и претседателот на Црвениот крст – Струмица, Васил Тунев, се наведува во соопштението на МТСП.

Отворањето на овој центар се реализира преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го имплементира Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска банка и претставува дел од севкупната социјална реформа чија цел, меѓу останато, е да ја зголеми достапноста на социјалните услуги на локално ниво, особено до оние граѓани, на кои тие им се најпотребни.

Tags: БосиловоГрадинка
Next Post

Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk