ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот за здравство Меџити за случајот со Клиниката за онкологија

September 4, 2023 13:04
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прес-конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити за случајот со Клиниката за онкологија.

Во петокот беа извршени претреси на Клиниката, како и во приватни станови, како дел од акција на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството.

Како што информираа од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови, поврзани со работата на Клиниката.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека ќе бидат санкционирани сите оние, кои го прекршиле законот, но, не смее да се напаѓаат сите здравствени работници.

– Се работи за наводи што се грозни и што не смеат да се случуваат, а за наводи што сме слушале во текот на изминатите 20 години. Ова е првпат да биде спроведена една ваква обемна акција за идентификување на можни сторители на вакви дела. Би сакал да повикам да не се прави сензационализација и напад на сите доктори и медицински сестри во државата, бидејќи најголемиот број од медицинскиот персонал којшто работи во нашата држава, се извонредни луѓе, кадри, што се грижат за здравјето на нашето население, подвлече премиерот.

Задачата на МВР и на Обвинителството, како што рече, е обезбедување докази врз основа на што ќе бидат идентификувани сторителите.

– Од страна на претседателот на Владата и од Владата, нема да има никакви интервенции во однос на заштита на кого било. Бидејќи, се работи за навистина грозни наводи што се предмет на истрагата на МВР и на Обвинителството. Исто така гледам по медиумите, посебно социјалните медиуми, дека се сака да се креира слика за вмешаност на само одредени лица, зависно од нивната припадност. Она што можам да го кажам е дека ваков тип на криминал е мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен, дециден беше Ковачевски.

Претседателот Стево Пендаровски повика на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност, како и на соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето. Воедно, тој истакна дека потполно го разбира гневот на граѓаните кои повикуваат на мирни протести.

Пендаровски нагласи дека фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Претседателот на државата посочи дека наместо на тие лица, соочени со најтешката дијагноза, да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент.

Според него, крајно време е системот да потврди дека сме способни во пракса, а не само со зборови да се справуваме со тешките облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Клиника за онкологијаФАТМИР МЕЏИТИ
Next Post

Во Дебар Маало, поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Коле Неделковски“

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk