ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Консултативен состанок на Работната група за изработка на законот за минимална пензија

September 5, 2023 08:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Консултативен состанок утре ќе одржи Работната група, формирана со одлука на Владата,  на кој ќе се разговара  за законот за минимална пензија.

Како што вчера најави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, на првиот консултативен состанок на Работната група ќе учествуваат претставници на сите релевантни институции, а ќе се разговара за се што е потребно да се подобри животниот стандард на пензионерите.

-По примерот на Законот за минималната плата во државата со закон ќе ја утврдиме и минималната пензија, рече вчера Тренчевска.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, пак, вчера порача дека проблемите со пензиите настанаа кога актуелната влада го укина претходниот систем со кој два пати годишно растеше пензијата – според растот на трошоците за живот и според растот на просечната плата.

-Кога тоа беше укинато од страна на актуелната влада на ДУИ и СДСМ, тоа беше претставено како реформа во пензискиот столб и тука е суштинската грешка, кога пензиите не го следеа растот на минималната и просечната плата во државата. Оваа година Владата го врати оној истиот стар систем уште од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога пензиите два пати годишно се нивелираа и тоа во јавноста го претставија како швајцарски модел. Тука е изгубен чекорот на исплата на пензиите со минималната, односно просечната плата, рече вчера Мицкоски.

Според него, кај пензионерите постои незадоволство бидејќи цените растат, а инфлацијата е огромна.

Одлуката за формирање на Работната група за изработка на законот за минимална пензија беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

Tags: пензииработна група
Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Предлог декларација по повод 120 годишнината од Илинденското Востание и Крушевската Република, на денешната собраниска седница

EVN

НАЈНОВО

Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

January 25, 2026

Двајца скопјани се степале за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

January 25, 2026

СДСМ: Изолацијата на Мицкоски во Давос покажа колку му слугува на Орбан

January 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 24 и 25 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што носат првите трилатерални разговори за Украина во Абу Даби: Москва инсистира на „Формулата од Анкореџ“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто куќите во Гренланд се обоени во различни бои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканот и „Одборот за мир“ на Трамп: Кој е поканет, кој прифати, кој одби – и зошто Македонија ја нема во „периметарот“ на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Должен како Грк, сиромав како Македонец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk