На 24 јануари 2026 година во 12:00 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров.
Според пријавата, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, дошло до физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје. При инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф. (60).
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.







