ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Реакција на Лекарската комора: Го почитуваме правото на протест, но осудуваме обиди сите доктори да се стават во ист кош

September 5, 2023 16:16
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но, изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест, сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор, нарекувајќи ги „убијци“ и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот, што е клучна за што поповолен исход на лекувањето, се наведува во денешното соопштение на Комората.

– Комората уште во саботата реагираше во однос на изнесените сомнежи за злоупотреби на Клиниката за онкологија и радиотерапија, кои ги оцени како вознемирувачки и побара што побрзо расветлување на настаните и дознавање на вистината. Повторуваме дека ниту еден пациент не смее да биде оставен без терапијата што му следува и во никој случај не смеат да се дозволат манипулации, со цел остварување на материјална корист од страна на поединци. Доколку во законските постапки коишто ги водат надлежните институции, се докаже дека одредени лекари биле вклучени во злоупотреби на онколошка терапија, со што нанеле штета на здравјето на пациентите, органите на Комората без одлагање, по добивање на релевантен доказ или судски пресуди, ќе постапат во рамките на своите надлежности за санкционирање и ќе изречат максимални санкции, нагласуваат во соопштението.

Како што се додава, „изразуваме длабоко жалење за загубите на пациентите и членовите на нивните семејства кои ја изгубиле битката во борбата со канцерот, но, апелираме, додека трае процесот, да не се создава масовна паника и да не се генерализира дека сè во здравството не е добро и дека сите лекари ги манипулираат своите пациенти, бидејќи тоа не е точно и е на штета на пациентите“.

– Најголем дел од докторите во нашата држава секојдневно, професионално, одговорно и чесно ги лекуваат пациентите и се обидуваат да им пружат максимално ниво на квалитет на здравствена заштита, согласно условите во кои работат. Трудот на овие професионалци треба да се вреднува и почитува и тие не треба да се поистоветуваат со поединци, кои постапувале поинаку од она што го налага медицинската етика и медицинските протоколи, подвлекуваат во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Клиника за онкологијаЛекарска коморапротест

НАЈНОВО

Фото: ВИ

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

July 7, 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

July 7, 2025

Диди добил стоечки овации во затворот по поволните пресуди

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk