ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ најавува проширување со 8 нови членки, Русија ќе опструира, а Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса

September 7, 2023 12:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија треба да им помогне на земјите да се спротивстават на Владимир Путин со испраќање јасна порака за нивните изгледи за пристапување во ЕУ, изјави француската министерка за Европа Лоренс Бун за „Политико“.

ЕУ се подготвува за бран на проширување што би можел да донесе дури осум нови членки, вклучително Украина и шест балкански земји, во годините што доаѓаат, најави Бун во истото интервју.

– Неколку од овие земји се главни цели на кампањите за руско влијание кои имаат за цел да ја ослабат поддршката за ЕУ и да ги задржат надвор од блокот – поради што ЕУ треба да биде „јасна и избалансирана“ за тоа што се бара за нив да се приклучат, рече Бун за „Политико“.

Овие поенти на Бун во интервјуто за овој влијателен и веродостоен медиум говорат дека за претставниците на одделните членки на ЕУ и Брисел ја држат високо на агендата темата за проширување, која како итна и до 2030 година ја најави Шарл Мишел на Бледскиот стратешки форум. Во прилог на ова говори и најавата дека првите контури и мерки што ќе бидат преземени за реформи внатре во ЕУ и за поддршка на земјите кандидати за членство, ќе бидат презентирани на 13 септември кога се очекува говорот на претседателката на Европската Комиисија Урсула фон дер Лајен.

Парадокс: Руското влијание го забрзува проширувањето на ЕУ

На темата проширување и на причините за итноста на ЕУ по ова прашање, разговаравме со аналитичарот Алберт Муслиу за тоа дали „руското влијание“ како што го нарекува Бун, може да помогне да се придвижи процесот за проширување.

– Јас за ова прашање за евроинтеграциите и идното проширување немам дилема. Немам дилема ниту околу тоа дека ЕУ нема дозволи државите што треба да се приклучат кон процесот, тука мислам на Молдавија и Украина, да не надминат во процесот ако ние ја сработиме нашата работа, вели за Рацин.мк Муслиу.

Тој истакнува дека кај нас има наративи дека за членствотро во ЕУ се потребни реформи и нагласува дека реформите никој не ги исклучува.

– Ние не можеме да станеме членка на ЕУ само со промена на Уставот. Ние треба да се прилагодиме кон принципиоте и конначините на функционирање на тие држави и тоа зависи само од нас. Ние сме добиле многу охрабрувања за да ги сработиме обврските, а нема ништо несработливо ако има политичка волја, ни рече Алберт Муслиу.

Со Муслиу го разгледавме и прашањето дали и ние во Македонија треба да видиме реална можност за ова, што во исто време ќе значи и дефинитивно дистанцирање од Русија и нејзиното влијание.

– Оваа порака оди во две насоки. Првата порака е охрабрување за Македонија да продолжи по патот, а втората порака е за тие коишто одработуваат за Москва да бидат внимателни и да не продолжуваат со тие активности, на Мислење е Муслиу.

Тој потсетува дека ЕУ последните 17-18 месеци, од почетокот на инвазијата на Русија на Украина, се бавеше со внатрешните работи за тоа кој во ЕУ беше близок, кој одработуваше за Путин, а кој не. Тоа прочистување во ЕУ, укажува Алберт Муслиу, резултираше со блокирање на некои од фондовите на ЕУ наменети за една држава и за еден лидер што го поддржуваа Путин и ги блокираа сите иницијативи на ЕУ за повеќе санкции кон Русија.

– Тоа важи и за Македонија и за сите земји членки. Можеби Македонија не беше примарниот таргет на Москва, но тоа, како фаза, ни следи и нам тука. Ако сме посветени кон ЕУ, сите тие кои го кочат процесот, и тука не мислам само на политичари, туку мислам на сите стејкхолдери во општеството, ќе се соочат со ЕУ и со САД, категоричен е Муслиу.

Муслиу го образложува ова свое мислење со укажување дека не е доволно да кажеш дека си за ЕУ, а во своите дејствија да ги оспоруваш, да ги опонираш или да ги онезвозможуваш тие евроинтегративни процеси.

– Мислам дека следува фаза и на такво расчленување и второ, што исто така сметам дека е многу битно, е што овие пораки не се само за политичарите, туку за оние коишто се кријат зад социјалните мрежи и слично, велу Муслиу.

Во однос на влијанието на Русија во Македонија и пропагандата на Москва и на оние што тука ја поддржуваат, Муслиу вели дека интензитетот на овие дејствија е прилично опаднат и дека паднаа во вода и со самата слика на теренот во Украина. Но, тој укажува на сменетета тактика на руската пропаганда.

– Тие пропагандни дејствија сега по перфидни, инсистираат и го потхрануваат евроскептицизмот, на „штетата“ што ни ја прави ЕУ, и сето тоа го склопуваат во еден облак каде што сите тие измешани информации го засилуваат незадоволството и евроскептицизмот кај обичниот граѓанин, предупредува Муслиу.

Пропагандните дејствија на Москва сега се поперфидни и го потхрануваат евроскептицизмот

За интензитетот и за карактеристиките на руската пропаганда во земјата неодамна со своја студија излезе Граѓанската aсоцијација МОСТ. Студијата „Една година од руската агресија врз Украина“ е работена во текот на 2022 и 2023, а се однесува на периодот март 2022 – февруари 2023.

Според авторката Росана Алексоска од МОСТ, руската пропаганда, влијание и дезинформации во Северна Македонија се со голем обем, повеќеканални, повторувачки и без објективност. Студијата дополнително потврдува дека руските операции за влијание имаат за цел да поттикнат поделби во општеството, да ја поткопаат довербата во институциите и медиумите и да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните.

„Студијата откри масовно пренесување и присуство на претставници на Кремљ во онлајн просторот во Северна Македонија, користење на медиумите под контрола на руската држава како извори во статиите, проруски пораки од политичари од регионот па и пошироко кои се руски сојузници, како и повеќе случаи на координирано масовно ширење на содржините на Фејсбук преку добро воспоставена и координирана проруска инфраструктура“, посочи Алексоска.

Овие сознанија се совпаѓаат и со оние на дипломатите во ЕУ на кои се повикува „Политико“ во својата анализа „Проширувањето на ЕУ ќе се спротивстави на влијанието на Путин“, во којашто се објавени и поентите од интервјуто со министерката за Европа на Франција Лоренс Бун.

Секое прекумерно одложување или статус од втор степен на патот кон целосен пристап во ЕУ ќе го охрабри Путин да се обиде да влијае земјите кандидати за членство, изјавиле дипломатите за „Политико“.

„Најважно е да се испрати стабилна порака за местото на овие земји во ЕУ“, вели за „Политико“ Лренс Бун и додава – „Треба да се фокусираме на суштината“.

Зоран Бојаровски / Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУпроширување

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk